Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одигра својот петти натпревар во ФИБА Еврокупот. Аеродромци на тешкото гостување кај полскиот тим Џики Варшава ќе се обидат конечно да ја остварат првата победа.

МЗТ досега претрпе четири порази, во исто толку одиграни натпревари, додека вечерашниот противник игра извонредно на европската сцена. Екипата на Џики Варшава има одличен скор од три победи и само еден претрпен пораз.

Со седум освоени бода, полскиот состав во моментов ја дели втората позиција со АЕК Ларнака. Нивните 345 постигнати поени во групата јасно го потврдуваат силниот офанзивен потенцијал на екипата.

Иако домаќините пред својата публика важат за огромни фаворити, македонскиот шампион не отпатуваа со бело знаме.

Натпреварот во полскиот главен град е закажан за 19 часот, а може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ .👇