Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер, денеска ќе го игра вториот натпревар од групната фаза во ЕХФ Европската лига. Пелистерци гостуваат во Полска кај составот на Вибжеже Гдањск.
Битолскиот клуб бара итна рехабилитација и поправен испит, по неочекуваниот домашен пораз од шпанска Ла Риоха на премиерата. Лошото издание во првото коло брзо мора мора да се остави зад себе и целата сила да се насочи кон дуелот што претстои.
Тренерот Лренерот Лино Червар ќе може да смета на новото француското засилување Саду Нтанзи. Организаторот на играта веќе е официјално регистриран за европските купови и ќе има важна улога во нападот. По лигашкиот деби-меч против Бутел Скопје, од Нтанзи се очекува подобро спроведување на стратешките замисли.
Атмосферата во таборот на домаќинот е на високо ниво по сензационалната победа над Гумерзбах во Германија. Полскиот тим од улога на голем аутсајдер стигна до триумф, што му дава дополнителен мотив пред овој дуел.
Дополнителна дилема за битолчани е настапот на словенечкиот бек Ник Хенигман. Тој заработи син картон на претходната средба, но Дисциплинската комисија на ЕХФ сè уште нема изречено суспензија.
Натпреварот меѓу Вибжеже Гдањск и Еурофарм Пелистер ќе се игра во терминот од 18:45 часот. Во вториот натперфвар од оваа Г група, ќе играат Ла Риоха – Гумерсбах од 20.45 часот.



































