Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостува кај германскиот Вурцбург во 3.коло од ФИБА Европа купот.
Двете екипи бараат излез од лошата серија и прва победа во рамките на „Е“ групата Е. МЗТ Скопје и Вурцбург имаат по два порази во досегашниот тек од натпреварувањето.
Овој дуел претставува клучна шанса за враќање на победничките патеки на меѓународната сцена. Љубителите на спортот очекуваат максимално неизвесна и борбена игра до самиот крај на средбата.
Посебен белег на овој натпревар дава стратегот на германскиот тим, Сашо Филиповски, кој е роден аеродромец. Искусниот Филиповски го познава менталитетот на македонскиот клуб и актуелните состојби.
Натпреварот Вурцбург – МЗТ Скопје почнува од 19 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇



































