Се е подготвено за стартот на 54-тото издание на меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2026“. Од денеска до 15 август РК Струга повторно ќе угости повеќе екипи кои низ турнирските натпревари ќе ја подигнуваат формата за претстојната, нова сезона.
За да го задржи префиксот „меѓународен“ турнир, стружани годинава ќе угостат само една екипа од странство. Тоа е српскиот тим на Дубочица од Лесковац која заедно со домаќинот Струга и екипата на ГРК Охрид ќе игра во „Б“ групата.
Во конкуренцијата „А“ ќе бидат актуелниот македонски шампион Вардар, скопски Бутел и тимот на Прилеп.
Натпреварите ќе се играат а отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, а денешната програма предвидува два дуели. Меѓу нив ќе се одржи и свеченото отворање.



































