Македонскиот шампион Ѓорче Петров со победа ја го полна својот настап на европската ракометна сцена во женска конкуренција.

Вечерва „Лавиците“ од Ѓорче, славеа над чешки Бањик Мост со во второто квалификациско коло за Лигата на Европа.

На натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“ ѓорчепетровки славеа со четири гола разлика 22-18.

Првиот дел мина во израмнета игра зашто говори резултатот на паузата 10-10.

И во вториот дел двете екипи тешко постигнуваа голови. Само по пет гола дадоа двете екипи за дваесет минути игра семафорот стоеше 15-15. Тогаш следуваше серијата од 4 гола на македонскиот шампион. По двапати погодија Анастасија Трпеска и Емилија Ризоска забот со на Ѓорче Петров од 19:15.

Иако гостинките се обидоа повторно да стигна до израмнување сепак избраничките на Славиша Димитријески тоа не го дозволи. Сосема заслужено ѓорчепетровки се радуваа на триумф со четири голови разлика со кои ќе патуваат на реваншот во Чешка закажан за 10 октомври.

Најефикасна со седум гола нд во редовите на ѓорче петров беше Анѓела Губериниќ , додека Ризоска постигна 4, а со еден помалку (3) завршија Трпеска и Исиќ.