Со натпреварот меѓу кои домаќинот Бугарија и репрезентацијата на Македонија што се одигра попладнево во Софија стартуваше машкиот Европскиот одбојкарски шампионат.

Во очекувано еден од четирите домаќини селекцијата на Бугарија, која воедно е и актуелен светски вицепрвак ја победи Македонија со 3:0 во светови.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски добро го започнеме натпреварот и имаа предност се до 5-4. Потоа домаќинот ја презеде контролата на играта, но не успеа да се одлепи, барем не до средината на сетот. Црвена-жолтите беа рамноправни се до 15:15 кога Бугарите го наметнаа своето темпо. Домаќинот го првиот сетот во своја полза добивајќи го со 25-17.

Во вториот македонските одбојкари пружија уште поголем отпор. Нашата селекција имаше и три поени (5-8) предности, но Бугарите брзо ги надополнија (7-8). Бевме рамноправни се до 18-18, но во продолжение освоивме само еден поен, па противникот го доби и тој сет со 25-19. Тука веќе беше јасно дека квалитетот е страна на противникот кој третиот сет го доби со 25-18.

Следен противник на македонската репрезентација ќе биде Украина против која ќе ги играме во петок. Потсетување дека во нашата група и актуелната европски шампион Полска, како и селекциите на Португалија и Израел, против кои ќе ја бараме шансата за пласман во нокаут фазата.