По двата порази од Шкендија и Струга Т.Л. актуелниот шампион Вардар конечно доби дерби дуел во Првата фудбалска лига. Во претпоследниот натпревар од 4.коло, одигран на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Вардар го победи Силекс со 4-1.

Уште во третата минута по одличната контра која ја повлече Спахиу од левата страна, тој добро уфрли во шеснаесетникот на противникот. Младиот Димитар Данев беше на вистинското место и ја затресе мрежата на кратовци за 1-0 за Вардар.

Втората зрела шанса ја имаше Спахиу чиј удар во 25.минута заврши во гредата од голот на Љупче Џеков. Само пет минути подоцна Силекс имаше шанса за израмнување, но вардаровиот голман Талевски одлично интервенираше.

Затоа пак во 37 минута силексовиот капитен Дарко Ангелески ефектно ја затресе мрежата на вардарци и израмни на 1-1. Во 45.мунута се обиде Босанецот, Шеро со удар од работ на шеснаесетникот, но Талевски со прекрасна парада не дозволи водство на Силекс.

Во вториот дел нововлезениот Маневски носи ново водство на домаќините. се играше 62.минута кога нерешително во одбраната на кратовци Маневски доби доволно време да се намести и погоди за 2-1. само седум минути подоцна (69) Португалецот, Пиреш кој лани го носеше дресот на Силекс, сега погоди за Вардар за водство од 3-1.

Во 75.минута Донов имаше голема шанса да постигне втор гол за Силекс. Од само пет метри, непречен од никого, тој биеше крај вардаровиот гол. Во 80,минута се обиде и Велиновски со глава, но биеше малку над голот на домаќините.

Она што гостите го пропуштија го казни Спахиу кој со голот во 88.минута ги постави конечните 4-1 за Вардар.

Колото ќе биде заокружено со уште еден деби дуел што ќе се игра на теренот крај ФФМ. Таму од 19 часот својот дуел ќе го почнат Шкендија и Струга Трим Лум.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање