На врвот на најновата АТП листа нема промени, па така Новак Ѓоковиќ уште една недела ќе биде број 1 (7.160 поени) што значи дека поразот во полуфиналето на АТП 500 турнирот во Дубаи не направи промени на челната позиција.

Единствената промена при врвот е тоа што победникот на овој турнир Данил Медведев со 3.775 поени (455 нови) се проби на шестото место, а финалистот Андреј Рублев е на седмата позиција со 3.660 поени.

Помеѓу оваа двојка и Ѓоковиќ се наоѓаат: Карлос Алкараз 6.780 поени, Стефанос Циципас 5.805, Каспер Руд 5.560 и Тејлор Фриц 3.795.

Од македонските тенисери Калин Ивановски со 84 поени има скок од едно место – 477.та позиција. Обрад Марковски со 8 поени се наоѓа на 1.114 место (пад едно место) исто како и Горазд Србљак – 1.120 место. Берк Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов со 1 поен се наоѓаа на делба на 1.797 место.

Од нашите тенисери оваа недела на фјучрс во Пореч (награден фонд 15.000 долари) треба да настапи Обрад Марковски.