Во НБА лигата ноќеска на програмата беа седум натпревари.

Најинтересниот се одигра во „ТД Гарден“ во Бостон каде кај најдобро рангираната екипа во лигата „Селтикси“, гостуваше Њу Јорк. Победа остварија „Никси“ и тоа по две продолженија.

Иако Бостон три четвртини го контролираше резултатот, а имаше и 14 поени предност, сепак во последната мораше да брка негатива од 11 поени, па дури и да се спасува од пораз. Тоа му успеа на Џејлен Браун кој со 2+1 ситуација 12.секунди пред крајот израмни на 113-113.

Во првото продолжени, Џејсон Тејтјум промаши за победа на Бостон, а во второто тоа не му успеа на Ал Хорфорд, па „Никси“ на крајот се радуваа со конечни 131-129.

Најдобар поединец во победничката екипа беше Имануел Квикли со рекордни за нехо 38 поени, додека постигна 31, а имаше и 9 скокови. На Бостон не му помогна и дабл-дабл учинокот на Тејтјум со 40 поени и 11 скокови да го избегне 20-тиот пораз со кој падна на втората позиција на табелата.

Поразот на Бостон го искористи Милвоки кој предводен од Јанис Антетокумпо, славеше на гостувањето кај Вашингтон со 117-111, со што „Бакси“ сега имаат една победа повеќе, но и два порази помалку од „Селтикси“.

Гркот средбата ја заврши со трипл-дабл, со 23 поени, 13 асистенции и 10 скока.