Македонскиот тенисер Калин Ивановски со успешните настапи на фјучрс турнирите во Монастир, Тунис направи нов скок на АТП листата (десет позиции). Тој на најновото рангирање е рангиран на 494.то место со 76 поени. На денешното рангирање запишани му се 4 нови поени од полуфиналето од минатиот викенд, со тоа што поените од вчерашното финале ќе му бидат запишани следното рангирање.
Инаку, Ивановски на рангирањето на „Next Gen Race“ (рангирање на млади тенисери) со поените (осум) од вчерашното финале се проби на 26.место и има скок од 15 позиции.
Ивановски во Тунис настапи на четири турнири и имаше две финалиња и по едно полуфинале и четвртфинале. Последниот настап беше исцрпувачки во саботата одигра два маратонски меча и потоа во неделата уште два.
И другите македонски тенисери имаат напредок на АТП листата оваа недела Обрад Марковски е на 1.112 место, Горазд Србљак 1.119, двајцата имаат осум поени, додека Берг Бугариќ, Томислав Јотовски и Стефан Мицов имаат по еден поен.