Тимот на Чави со победа во гости против Виљареал го заврши 21 коло во Ла Лига. Одличната серија на Барселона во Шпанската Примера продолжи и вечерва на гостувањето кај Виљареал, каде Каталонците со минимални 0-1, запишаа нови три бода.

Супер талентираниот Педри во 18 минута, на асистенција на Роберт Левандовски го матираше Пепе Реина и донесе предност за Барса. Се водеше тактичка борба во која ниту еден од тимовите немаше контрола на натпреварот ниту премногу шанси за гол, се до 90-тата минута кога се случи вистинско возбудување.

Имено Самуел Чуркезе успеа да го совлада Тер Штеген но неговиот гол беше поништен поради офсајд за големо разочарување кај домашните навивачи, па Барселона ја задржа минималната предност и победи со 0-1.

Со оваа победа Барселона направи сериозен исчекор напред и ја зголеми предност во однос на Реал која сега изнесува 11 бода.