Претстојниот викенд полн со спортски настани ќе биде збогатен и со настапот на две млади македонски кошаркарски екипи во регионалната АБА конкуренција.

Кадетките на Бадел и Вардар ќе настапат на првиот турнир во АБА лигата за кошаркарки до 17 години. 

Двата македонски тима ќе играат во истата група „Б“. Во неа противнички ќе ги има екипите на: РМУ Бановичи, Старт Тузла, Џампер, Будуќност БН, Дуга, Си Старс, Будуќност Бемакс. 

На првиот турнир во Шабац (Србија), што почнува денеска со дуелот меѓу Дуга и Будуќност.

Баделки први ќе настапат. Утре од 16 часот ќе играат против Дуга, а по нив од 18 часот Вардар ќе се сретне со Будуќност. 

В недела, нашите екипи само ќе ги сменат противниците. Во терминот од 12 часот Вардар ќе се сретне со Дуга, а од 14 часот Бадел ќе игра со Будуќност.

Вкупно ќе бидат одиграни пет турнири, а веќе следната седмица вториот ќе се игра во Скопје во СЦ „Кале“. 

Според системот на натпреварување, најдобрите четири екипи од двете групи ќе се пласираат во Супер лигата. 

Натпреварите на Бадел и Вардар можете да ги гледате во живо овде. 

ВО ЖИВО | ВАРДАР – ДУГА
ВО ЖИВО | БАДЕЛ – БУДУЌНОСТ
ВО ЖИВО | БАДЕЛ – ДУГА
ВО ЖИВО | ВАРДАР – БУДУЌНОСТ