Екипите на Вадар и Бадел ја продолжува традицијата да настапува во регионалната женска кошаркарска АБА конкуренција. Младите вардарки и баделки ги дознаа своите противници во новата сезона во регионалното натпреварување во кое ќе настапуваат во кадетска конкуренција. 

Раководствата на двата тима кои изминатата сезона во домашното првенство (У16) играа во финалето ги пријавија своите кадетски екипи (кошаркарки родени 2007 и помали) да земат учество во регионалната АБА У17 лига во сезоната 2023/2024..

Ждрепката посака двата македонски тима Вардар и Бадел да играат во истата група „Б“ во која за противнички ќе ги има врсничките од екипите на: РМУ Бановичи, Старт Тузла, Џампер, Будуќност БН, Дуга, Си Старс, Будуќност Бемакс. 

Натпреварите ќе се играат турнирски почнувајќи од 30 септември во Шабац (Србија), Скопје односно Бадел и Вардар ќе биде домаќин на вториот турнир (06-08 октомври), а потоа ќе следуваат уште три турнири и тоа: Подгорица, Црна Гора (10-12 ноември), Бановиќи, БиХ (15-17 декември) и Тузла, БиХ (26-28 јануари 2024 година). 

Во Групата А ќе се натпреваруваат екипите: Цинкарна Цеље, Јанина, Јеќица, Аксон Илирија, Триглав, Трешњевка, Загреб, ФСВ Ријека и Лавови.

Најдобрите четири (4 екипи) од секоја група ќе се пласираат во Супер лигата, која што ќе се игра на неутрален терен во Градишка (балон систем), при што секоја екипа ги пренесува бодовите од меѓусебните средби од групната фаза.

Четирите првопласирани екипи во Супер лигата ќе обезбедат пласман на завршниот фајнал-фор.