Машката машка репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години, денеска има нов натпревар на Евробаскетот во Гевгелија и Скопје.
Во последното коло од Б групата, македонските кадети за противници ќе ги имаат врсниците од Украина.
По вчерашната пресврт победа над Швајцарија, Македонија сега е трета на табелата со 6 бодови. Исто толку има и четврто пласираната Украина. Затоа денешниот дуел на овие две репрезентации директно ќе решава за третото место на табелата.
Фантастично одиграното второто полувреме против Швајцарците, за избраниците на селекторот Стојановски сигурно ќе биде мотив повеќе. Тие ќе сакаат да се докажат пред гевгелиската публика, пред да се преселат во Скопје каде ќе се играат натпреварите за пласман.
Без разлика на исходот од денешниот натпревар двете репрезентации во продолжение на првенството ќе играат за пласман од 9 до 16 место во конечниот поредок.
Дуелот Македонија – Украина ќе почне во терминот од 18.30 часот. натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




































