Како почна така и заврши фудбалската репрезентација на Македонија во УЕФА Лигата на нации. Шест натпревари и шест порази на македонските фудбалери, откако вечерва во Скопје беа совладани од Словенија со 0-3.
Првото возбудување го видовме пред нашиот гол во 16-тата минута. По обидот на Штурм да уфрли во нашиот шеснаесетник, Младеновски ја зафати типката, а таа за наша среќа заврши во гредата од голот на Столе Димитриевски. Но, веќе во 29-миута Словенците поведоа со 0-1. По одличната контра и проигрувањето на Випотник, на Штурм му полесната полесната задача да ја затресе мрежата на Димитриевски. Во ист ритам продолжија гостите, па во 39.минута по ударот на Випотник, спасуваше Муслу.
И во второто полувреме, Словенците беа оние кои ја контролираа играта иако македонските фудбалери се обидуваа да дојдат до израмнување. Најблиску до тоа бевме во 50.минута, но обидот на Доријев го одбрани Облак.
Македонскиот селектори Седлоски се обиде со тројца напаѓачи, но заборави на одбраната. Тоа Словенците го казнија во 66.минута кога по корнерот од десната страна Зец го совлада Димитриевски за 0-2. Убедливиот пораз на македонската селекција го потврди Штурм со својот втор гол во 90.минута, поставувајќи ги конечните 0-3 за Словенија.
Така Македонија урна неславен рекорд, под водство на Седлоски, и со шест порази во исто толку натпревари, а гол разлика 1:15, заврши без освоен бод. Во март месец, ќе следува баражот за опстанок во втората квалитативна Б конкуренција, која очигледно не е за нашата селекција, барем не оваа предводена од Седлоски.

































