Лука го предизвика Лука! 

Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ го предизвика својот имењак, кошаркарот на Далас, Дончиќ. 

Пред европската турнеа во која Далас ќе гостува и во Мадрид, на социјалните медиуми, тимот од Тексас објави интересно видео. 

Фудбалерот на мадридски Реал, Модриќ демонстрирајќи ги своите кошаркарски способности го предизвика Дончиќ. 

Ова нема да биде прв пат овие двајца врвни спортисти да се сретнат на кошаркарскиот терен. 

Во периодот кога Словенецот, го носеше дресот на „кралскиот“ клуб, пред да замине во НБА, честопати, на неговите тренинзи бил присутен и Модриќ. 

Засега Словенецот без одговор на предизвикот на Хрватот.