Денеска продолжуваат натпреварите во Б дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 16 години во Скопје и Гевгелија.
Македонските кадети кои групната фаза ја завршија со 2 победи и три порази не успеаја да обезбедат пласман во четвртфиналето. Сега избраниците на селекторот Стојановски ќе разигрува од 9 до 16 место во конечниот поредок.
Македонските надежи, се „преселија“ во Скопје, каде во „Т арена“ ќе се играат овие натпревари. Прв противник на Македонија е селекцијата на Ирска. Доколку нашите кадети ка совладаат Ирска, ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место со подобриот од дуелот Унгарија – Финска. Поразените од овие два меча ќе играат за пласман од 13 до 16 место.
Денешниот дуел Македонија – Ирска ќе се игра од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇



































