Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз во „Б“ дивизијата, на Евробаскетот во Гевгелија.
Во дуел од 2.коло на Б групата, македонските кадети загубија од исландските со 75-87.
Во првиот дел нашите надежи одиграа многу лошо. Воведната четвртина ја загубија со 13 поени разлика, а во втората надополнија шест под негативата. Затоа на паузата меѓу двете полувремиња Исланд замина со предност 28-35.
Во третиот квартал, жолто-црвените дојдоа и до -2 (38-40), но противникот не дозволи израмнување или водство на Македонија. Напротив, исландските кадети продолжија со колективната игра и во последната четвртина влегоа со предност од седум поени 56-59. Во последната четвртина. Борбената и колективна игра на исландските кадети пресуди над индивидуалните решенија на поединци во македонскиот состав.
Затоа Исланд стигна до втората победа, колку што има и Хрватска, која утре ќе биде противник на Македонија. Тој натпревар повеќе од јасно ќе решава за едно од двете места што водат во четвртфиналето.
Така индивидуалниот учинок е неважен, кога тимот (репрезентацијата) загубила.





























