Младата репрезентација на Македонија до 16 години, се израдува на втората победа во Б дивизијата, на Евробаскетот во Гевгелија. Во дуел од 4.коло од Б групата, македонските кадети со голем пресврт во завршните 13 минути ја совладаа Швајцарија со 89-76.

Катастрофално го одиграа првиот квартал нашите надежи. Иако отворија со 4:0, а водеа и со 6-5, во продолжението тотално ја препуштија играта на противникот. Швајцарците ја добија таа четвртина со 14 поени разлика (16-30). Во вториот период противникот имаше и најголеми 21 поен предност, а на одмор замина со плус 15 (38-53).

Во второто полувреме македонските репрезентативци одиграа поквалитетно. Во финишот на третата четвртина, со серија од 8-0 доближија само три негатива. Швајцарија во последната влезе со предност од 64-67. Во 33.минута жолто-цврвените прво израмнија на 70-70, а веднаш потоа и поведоа. Од тој момент нашите кадети постојано ја зголемуваа предноста за на крајот да слават со +13 поени разлика.

За македонската селекција утре следи натпревар против Украина, кој ќе решаваат за четвртото место на табелата.

Следете нé на социјалните мрежи