Нов ден, нов натпревар, но ништо ново од македонските кошаркарски надежи, репрезентацијата до 16 години. Кадетската селекција на Македонија го претрпе вториот пораз во второлигашката Европска конкуренција.

Во дуел од 3.коло на Б групата на шампионатот во Гевгелија, репрезентативците на Македонија беа декласирани од Хрватите со 112-57.

Уште по првото полувреме беше јасно дена хрватските се далеку подобри од македонските кадети. На полувремето противникот веќе имаше 15 поени предност (31-46).

Дебаклот беше продлабочен во третиот квартал кои Хрватите го добија со 35-14. Последната четвртина беше само чиста формалност за на крајот Хрватска заслужено да се радува на победа со убедливи 55 поени разлика, речиси колку што постигнаа вкупно македонските (57).

Со овој пораз македонските кадети загубија шансите за првите две места што водат во четвртфиналето. Иако Македонија треба да одигра уште два натпревари во групата, сепак денешниот и вчерашниот пораз од Исланд се недостижно заостанување за црвено-жолтите.