Ракометарките на Ѓорче Петров ја совладаа полската екипа Јарослав со 28-27 во првиот меч од осминафиналето на ЕХФ Купот.
Малубројната публика присутна во салата Автокоманда, можеше да уживаат во бројни „велемајсторски“ потези на нашите млади ракометарки.
Она што секако заслужува да се одбележи е прекрасниот цепелин во финишот на мечот.
По асистенцијата на Николовска, Јанкуловска го постигна својот втор гол на мечот, но еден од клучните за победата.
Утре (18 часот) на истото место ќе се игра реванш дуелот.