Актуелниот шампион Вардар ја впиша и седмата н победа во македонската Супер лига. Вардарци во натпревар од 7.коло одигран денеска во СЦ „Јане Сандански“ го совладаа Бутел со 38:30.
Црвено црните ја потврдија фаворитската улога, почетното водство на бутелчани (0-1), се натаму во знакот на вардарци.
Првиот дел Вардар го доби со пет голови предност, а најголемата во текот на играта изнесуваше плус шест.
Најголемото водство Вардар го имаше во 33.минута кога водеше со 24-16. Уште тогаш јасно беше дека избраниците на Иван Чупиќ рутински ќе го пријадат натпреварот кон крајот.
Најефикасен во победничката екипа беше Матео Фадуил со 14 голови, додека Урош Митровиќ постигна 9.
По овој натпревар вардарци заминуваат за Франција. Таму во среда (21 октомври) против Нант ќе го одиграат петтиот натпревар во Лигата на шампионите. Иако македонскиот првак ги загуби шансите за пласман во следната фаза, сепак ќе се обиде против Нант да стигне до првиот триумф.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































