Фудбалерите на Реал Мадрид ја впишаа седмата победа шпанската Ла Лига. Во натпреварот деветтото коло одигра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал ја победи Севилја со 4-1.

Во првиот дел избраниците на Жозе Ммурињо направија предност од два гола. Прво Турчинот, Арда Ѓулер во 30.минута со ефектен гол го отвори резултатот. Само седум минути подоцна (37) Килјан Мбапе зголеми на 2-0 за „Кралевите“.

И вториот дел мина во офанзивна игра која донесе нови голови.

Гостите од Севиља имаат две зрели шанси за погодок. Во 54.минута Чидера Еџуке промаши шут од пет метри, испраќајќи ја топката високо над голот на Реал Мадрид. Четири минути подоцна и Феликс Кореја биеше, но него обид беше изблокиран. Затоа на спротивната страна следуваше казна. Мбапе беше сигурен реализатор на пеналот во 63.минута за предност на Реал од 3-0. Но и тоа не ги поколеба гостите од Андалузија кои продолжија со офанзивната игра. Тоа конечно вроди со плод во 79.минута кога Буено намали на 3-1. Голеадата ја надополни Диоманде со уште еден прекрасен гол во 83.минута, поставувајќи ги конечните 4-1 за „Кралевите“.

Реал се врати на третото место на табелата со 201 бод, еден помалку од градскиот ривал Атлетико кое втор. Лидерот Барселона која има максимален учинок 9-од-9, има 27 бодови. Во следната рунда, односно во недела на 25 октомври, ќе се игра големото дерби. Популарното „Ел Класико“, меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се игра на „Камп Ноу“.