Европскиот фудбалски крем вечерва носи судир на два разиграни гиганти во Париз. Францускиот првак ПСЖ ја пречекува разиграната Барселона во дербито од 3. коло во фудбалската Лига на шампиони. Двата состава влегуваат во пресметката со максимални шест бода и во застрашувачка форма.
Домашниот тим е во победничка серија од пет последователни триумфи во сите натпреварувања. Парижаните по декласирањето на Слован со 6:1, покажаа „мускули“ на гости кај Манчестер Сити со победа од 4:2. Викендов избраниците на Луис Енрике славеа на теренот кај Стразбур со 3:1.
Каталонскиот тим пристигнува во уште поимпресивен победнички ритам. Барселона ниже победи на последните десет официјални средби во сите натпреварувања. Во елитата најпрво го совладаа Феенорд со 5:1, а потоа славеа и кај Галатасарај со 4:1. Генералната проба во домашното првенство ја завршија со високи 5:2 на гостувањето кај Бетис. Офанзивната моќ на двата тима гарантира спектакуларен меч на „Паркот на принцовите“.

Останатите дуели носат серија интересни битки ширум континентот.
Фенербахче е домаќин на Славија Прага, додека Сабах Баку има тежок испит против Борусија Дортмунд. Рома на „Олимпико“ го пречекува Слован Братислава, а Ливерпул на „Енфилд“ ги одмерува силите со Виљареал. Манчестер Сити ќе брка рехабилитација против грчки АЕК. Наполи бара излез од кризата против Бодо/Глимт. Порто го чека дуел со холандски ПСВ, а Штутгарт на домашен терен ќе се судри со Атлетико Мадрид.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3 КОЛО
ВТОРНИК
18:45 часот
ФЕНЕРБАХЧЕ – СЛАВИЈА ПРАГА
САБАХ БАКУ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
21:00 часот
ПСЖ – БАРСЕЛОНА
ЛИВЕРПУЛ – ВИЉАРЕАЛ
РОМА – СЛОВАН БРАТИСЛАВА
МАНЧЕСТЕР СИТИ – АЕК
НАПОЛИ – БОДО/ГЛИМТ
ПОРТО – ПСВ
ШТУТГАРТ – АТЛЕТИКО МАДРИД

































