Со натпреварот што ќе се игра попладнево во Гостивар ќе биде комплетирано десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига. Во него екипата на Аресими е домаќин на Тиквеш.

Домаќините кои во моментов се на наоѓаат на 8.место на табелата (во опасната зона), а ќе се обидат да им се реваншираат на кавадарчани за убедливиот пораз во првиот меѓусебен натпревар. Тиквеш тогаш на домашен терен славеше убедливо со 5-0 во премиерното коло. Составот на Тиквеш не знае за пораз на последните 6 првенствени натпревари.

Кавадарчани го имаат третиот најдобар напад во лигата а гостиварци втората најлоша одбрана. Оттаму Тиквеш ко е четвртина табелата, важи и за влак фаворит во денешниот натпревар што ќе почне од 14 часот.

Поднаслов (Фејсбук): додека разиграните кавадарчани сакаат да го задржат чекорот со водечките на табелата.