Кошаркарите на Работнички го преживеаја гостувањето во Битола, совладувајќи го Пелистер со 91:87 во Супер лигата. Тие во дуелот од третото коло ја остварија третата победа во исто толку одиграни натпревари.
Возбудливиот дуел понуди голема резултатска неизвесност и два различни периоди на доминација. Домаќините одлично го отворија мечот и првата четвртина ја добија убедливо со 20:12. Пелистер продолжи во ист ритам и набрзо стигна до својата највисока предност од десет поени разлика во неколку наврати. На полувреме битолчани заминаа со солидна позитива, откако резултатот на семафорот гласеше 41:33.
Работнички целосно ја презеде иницијативата по паузата и третиот период го доби со 26:18. Оваа одлична игра на гостите донесе израмнување, па во решавачките десет минути се влезе со 59:59. Скопјани доминираа во последната четвртина и рутински ја достигнаа својата најголема предност од десет поени. Искусните гостински играчи мирно го задржаа водството до самиот крај за триумф на овој тежок терен.
Најефикасен во победничкиот состав беше Виктор Ефремовски со 22 поена, следен од Џексон Елингсворт со 16 поени. На Говенс му фалеше една асистенција да оствари дабл-дабл, а натпреварот го заварши со 14 поени и 9 асистенции. Кај поразениот тим се истакна Никола Кочовиќ со одлични 30 поени, додека Кристијан Вилсон постигна 20 поени.
Во последниот натпревар од оваа рунда, вицепрвакот Скопје (поранешен Маџари) стигна до првата победа. На домашен терен Скопје ја победи Струмица со 83-68.
Работнички и МЗТ Скопје Аеродром се на првите две позиции на на табелата со максимални три победи.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|




























