Ракометарите на Вардар ја постигнаа и втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид. Во дуелот од Б групата вардарци го совладаа хрватски Нексе со 33:27. Со овој триумф Вардар ќе се бори за првото место во групата Б заедно со екипата на словенечки Тримо.

Вардарци не дозволија изненадување и по 22:22 направија серија од 4-0 што се покажа како решавачка. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус од Вардар со 10 голови.

На другите два дуела одиграни денеска на турнирот: Олимпијакос – Тримо 24:25 (Б група) и Војводина – Египет У20 29:24 (А група).

Во групата А Охрид и Загреб кои денеска беа слободни имаат по 4 бодови, а во Б групата Вардар и Тримо имаат по 4 бодови. Утре се играат решавачките дуели за првото место во двете групи: Вардар – Тримо и Охрид – Загреб