Почетокот на новата ракометна сезоната наближува. Во тек се завршните подготовки на македонските екипи, кои поголемиот дел од нив ќе настапуваат на повеќе фронта.
Актуелниот првак вардар, покрај обврските на домашната цена ќе игра и во лигата на шампионите и регионалната конкуренција.
Како што беше најавено вардарци денеска ги пуштија во продажба сезонските карти.
Под слоганот „Љубовта наша голема” започнува продажбата на сезонски билети за домашните натпревари.
Цената на сезонскиот билет изнесува 4500 денари, а продажбата се врши единствено онлајн, преку продажната мрежа на клубот. https://vtickets.mk/
При купувањето, навивачите имаат можност самите да изберат свое место во салата од каде ќе го бодрат клубот на домашен терен, во СЦ. „Јане Сандански” и во „Расадник”, за каде исто така ќе важат сезонските билети, без разлика на тоа што седиштата не се нумерирани.
Купените билети во ,,PDF ” формат, подоцна ќе бидат заменети со пластифицирани карти со кои на сопствениците ќе им се овозможи влез на натпреварите.
Продажбата ќе трае до 25.08.2026






























