Иако за утре е закажан официјалниот старт на 20-тоте Медитерански игри, натпреварувањата во италијанскиот град Таранто почнаа денеска.

Први на сцената од вкупно 88-те македонски спортисти излегоа одбојкарките. Во натпревар под Б групата женската одбојкарска репрезентација на Македонија е поразена од Турција во три сетови (3:0).

Противничките улогата на фавoрит ја потврдија од самиот старт. Веќе на половина од првиот сет имаа двоцифрена предност, а тој го добија со 25-4. Во вториот сет нешто порамноправна игра на нашите одбојкарки кои имаа и водство (5-4). Сепак Турчинките со неколку серии на поени успеаја да се одлепат и да го добијат сетот со 25-16. Во третиот воедно и последен сет македонските одбојкарки освоија поен помачку (25-15)

Македонските одбојкарки ќе мора да го поправат впечатокот во наредните натпревари. До следниот натпревар ќе имаат доволно време да ги консолидираат редовите бидејќи вториот меч и тоа против Косово е закажан за четири дена. Противнички на Македонија во групата ќе бидат и одбојкарките на Грција и Алжир.

Покрај одбојкарките Македонија на овие игри во колективните спортови ќе има и ракометна селекција во женска конкуренција, младинската машка фудбалска до 21 години и селекцијата во баскет 3х3.