Од 18 до 22 август во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи петтото, јубилејно издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“.
На турнирот ќе играат осум екипи поделени во две групи по четири екипи.
Во групата А се екипите на: Охрид, Загреб (Хрватска), Египет У20 и Војводина (Србија), додека во групата Б се: Вардар, Нексе (Хрватска), Олимпијакос (Грција) и Тримо Требње (Словенија).
Турнирот ќе се игра од вторник до сабота (22.август) кога ќе се играат натпреварите за пласман.



































