Прволигашката фудбалска конкуренција во нашата земја денеска нуди два нови натпревари.
Тоа се дуелите од 3.коло што ќе се играат во Кратово и Кавадарци.
Екипата Силекс кој е еден од претендентите за највисок пласман, го пречекува повратникот во прволигашкото друштво Скопје. Кратовци во претходното коло освоија само еден бод на гостувањето кај од арачновска Шкендија. Сега избраниците на Васоски не смеат да си дозволат мов „кикс“ туку ќе мора да атакуваат на трите бодови. Од друга страна тимот на Скопје пак во претходната и „откина“ два бода на Струга ТЛ играчи 1:1.
Во Кавадарци, кај најефикасната и првопласирана екипа на табелата Тиквеш го преслекува новајлијата составот на Шкендија Арачиново. Кавадаречката екипа во првите два меча им даде по пет гола на Арсими и Башкими. Оттаму јасно е дека Тиквеш ќе ја има улогата на фаворит, што ќе треба да ја докаже на самиот натпревар.
Двата дуели ќе почнат во терминот од 16.30 часот како и утрешното дерби меѓу Струга Т.Л. и Вадар. Колото ќе биде комплетирано со натпреварот од 19 часот на ФФМ каде Шкендија ќе биде домаќин на штипска Брегалница.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|

























