Ноќеска во НБА лигата се одиграа само пет натпревари. Од нов го издвојуваме настапот на тандемот на Денвер, Јокиќ-Мареј, како и оној на Гркот, Атнтетокумпо.
Никола Јокиќ и Џамал Мареј испишаа нова страница во историјата на НБА лигата при триумфот на Денвер во Њу Орлеанс со 116-108. Тимот од Колорадо ја забележа четвртата победа на последните пет средби, нанесувајќи му го шестиот последователен пораз на домаќинот. Српскиот центар и канадскиот бек станаа првиот тандем соиграчи во историјата на лигата со над илјада меѓусебни асистенции. Јокиќ досега му асистирал на својот соиграч точно 1.001 пат, додека Мареј возвратил со вкупно 1.086 успешни додавања. Српскиот ас го предводеше својот тим со 26 поени, десет асистенции и осум скока, со одличен шут од поле. Мареј додаде 23 поени, девет асистенции и седум скока, додека Кристијан Браун вгради 17 поени во гостинскиот триумф. Кај домашниот состав најефикасен беше Зајон Вилијамсон со 24 поени, а Садик Беј постигна 16 поени.
Фантастична ноќ имаше и Јанис Антетокумпо, кој го предводеше Мајами до убедлива домашна победа над Детроит со резултат 137-117. За кошаркарите од Флорида ова беше четврти триумф во низа во најсилната светска кошаркарска лига. Грчкиот репрезентативец доминираше на паркетот и мечот го заврши со дабл-дабл ефект од 34 поени, 14 скока и осум асистенции. Со ова издание, популарниот Грик Фрик стигна до вкупно 71 постигнат поен на последните два одиграни натпревари. Одличен камбек по повредата на глуждот имаше искусниот Клеј Томпсон, кој реализираше 26 поени со шест погодени тројки. Во останатите синоќешни пресметки, победи забележаа уште екипите на Кливленд, Мемфис и Чикаго.
Резултати од синоќешните натпревари во НБА лигата:
Њу Орлеанс – Денвер 108-116
Кливленд – Далас 127-117
Мемфис – Бруклин 129-110
Мајами – Детроит 137-117
Минесота – Чикаго 106-117



































