Фудбалските прволигаш од денеска до понеделник ќе ги играат натпреварите од четвртото коло.

Програмата ја отвораат екипите на Скопје и Тиквеш со натпреварот што ќе се игра на теренот крај ФФМ од 17 часот. Скопјани сеуште се немаат израдувано на прволигашка победа. Кавадарчани пак по двете убедливи победи со 5-1 и 5-0, претрпеа пораз на домашен терен од арачиновска Шкендија. Затоа и двата тима ќе се обидат во денешниот дуел да стигнат до трите бода.

Од 19 часот во Штип, Брегалница ќе го пречека составот на Башкими. За штипјани играњето пред својата публика секогаш е мотив плус, па во првиот таков натпревар тие славеа убедлива победа над Арсими. Од друга страна екипата на Башкими досега не постигна ниту еден, а прими дури 12 голови. Јасно е зошто улогата на фаворит на овој натпревар ја има екипата на Брегалница.

За утре закажан е дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Аресими. Недела е „слободен“ ден, а во понеделник, двојна дерби програма.

Прво од 17 часот, на арената „Тодор Проевски“ актуелниот првак Вардар го пречекува кратовски Силекс. Веќе во 19 часот, закажан е почетокот на второто дерби. Тоа ќе се игра на теренот крај ФФМ, а во него тетовска Шкендија ќе ја пречека Струга Трим Лум.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање