По двете убедливи победи со 5-0 во воведните две кола од Првата лига, фудбалерите на Тиквеш денеска поразени.
Во дуелот од 3.коло одигран во Кавадарци, екипата на Тиквеш загуби од арачиновска Шкендија со 0-1.
Иако ја има улогата на фаворити, кавадарчани не успеаја да ја оправдаат. Домаќините создадоа брони шанси, но не ги реализира. Затоа следуваше непишаното правило и казната на спротивната страна. За тоа се погрижи Марко Симоновски во 27.минута кога го постигна единствениот гол на натпреварот, за прва прволигашка победа на дебитантот од Арачиново.
За разлика од првото полувреме, во второто, кавадарчани одиграа многу послабо. Иако има 2-3 шанси да стигнат до израмнување, но не успеаја во тоа, па гостите се радуваа.
Инаку натпреварот мина во голема тензија, пропратена со бројни остри стартови и приговори, па судијата Ристевски покажа по ќчетири жолти картони на двете страни .
Во првиот денешен натпревар Силекс убедливо со 3:0 го совлада Скопје, а вчера Аресиоми славеше со 1:0 протиов Башкими.
Последните два натпревари од ова кола на програмата се утре.
Дербито ќе се игра во Струга каде Трим Лум ќе го пречека шампионот Вардар во терминот од 16.30 часот. Во доцниот попладневен термин од 19 часот, на ФФМ, тетовска Шкендија ќе играат против штипска Брегалница.


































