Последен натпреварувачки ден на 27-то Европско првенство во атлетика што се одржува во Бирмингем, Англија. Денеска на програмата се 13 финали дисциплини од кои четири во претпладневнмата програма.

За нас најинтересен ќе биде машкиот маратон, на кој ќе настапи единствен македонски претставник Дарио Ивановски.

На маратонската трка се пријавени 60 маратонци од 21 земја, а Дарио, ќе го носи бројот 21.

Ивановски е рангиран на 36.место и обезбедена норма со одличните резултати. Тој во февруари 2024 година во Севиља го постави државниот рекорд со време 2:08:26, оваа година на маратонот во Белград го истрча своето второ најдобро време од 2:09:35.

Стартот на маратонската трка долга 42,195 метри е закажан во 8 часот и 10 минути.