Македонскиот вицепрвак тетовска Шкендија ја заврши сезоната на европската фудбалска сцена. Тетовци не успеаја да го минат шкотскиот Хибернијан во третата квалификациска рунда за Конференциската лига.

Откако во првиот меч на гости загубија со 1-2, вечерва на реваншот во Скопје, фудбалерите на Шкендија одиграа без голови 0:0.

Од самиот старт тетовци тргнаа офанзивно кон голот на шкотскиот тим. Веќе во третата минута се закани Круезиу, кој е работ на шеснаесетникот, биеше само неколку сантиметри покрај голот на гостите. Истиот фудбалер се убедив во 26-та минута од поголема далечина, но тој удар беше далеку по непрецизен. И тоа беше се што можеше да се одбележи од првото полувреме.

И во вториот дел иста слика на теренот. Тетовци постојано напаѓаа и се заканува кон противничкиот гол, но без конкретна опасност. Затоа пак, на спротивната стана шкотскиот тим имаше две големи можности да го отвори резултатот. Сепак, на голот на Шкендија расположен беше Рамни кој во двата наврати спаси чист гол. Во 65.минута се обиде Нзенгуе, но и неговиот обид заврши крај голот.

Со елиминацијата на тетовци македонија повеќе нема свој претставници на европската фудбалска сцена. Претходно елиминирани во Конференциската лига, беа Силекс и Вардар кој пак прво настапи во квалификациите Лигата на шампионите.