Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно ја мина и втората пречка на Вимблдон.
Ѓоковиќ место во третата рунда обезбеди со лесната победа над Гркот, Стефанос Циципас во три сетови со 6:3, 6:4 и 6:2.
Српскиот тенисер ја заврши работата за само еден час и четириесет минути тенис. Со неверојатна леснотија ги контролираше настаните на теренот од првиот до последниот поен. Циципас изгледаше сосема беспомошно, како точно да знаеше што го чека уште пред да стапне на теренот.
Така Ѓоковиќ стигна до третото коло на Вимблдон по 20-ти пат. Неговиот единствен пораз во второто коло на еден лондонски Гренд-слем е од Марат Сафин во 2008 година.
Ѓоковиќ во 3.мколо ќе се соочи со Французинот, Артур Риндеркнех, моментално рангиран на 28-мо место на АТП листата,

























