Репрезентацијата на Белгија на неверојатен начин се избори за барем уште еден меч на Светското првенство. Натпревар од 1/16-финалниот одигран во Сиетл, Белгијците со голем пресврт и по дополнителни 30 минути игра, го совладаа Сенегал со 3-2, откако регуларниот дел заврши 2-2.

Уште од самиот почеток на натпреварот Сенегал ја наметна својата игра. Африканците во повеќе наврати се заканија, но Куртоа остане не совладан. Така беше се до 25.минута кога Сар ја погоди стативата, а Диара наиде на одбиената топка и ја испрати во мрежа на Куртоа.

По само шест минути игра во вториот дел, Сенегалците ја удвоила предноста. Ниакате испрати совршена долга топка, која Сар прво ја прими прекрасно на градите, а потоа биеше прецизно покрај немоќниот Куртоа, за голема предност за неговиот тим.

Во самиот финиш односно 86-тата и 89-тата минута, Сенегалците „прокоцкаа“ се што дотогаш заработија. Надежта на Белгијците ја врати Ромелу Лукаку кој намали на 1-2, а три минути подоцна Тросар израмни на 2-2.

А, во продолженијата, најголемата драма дојде во последната 120-та минута. По прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал за Белгија. Одговорноста ја презема капитенот Тилеманс кој беше сигурен реализатор, и со својот втор гол и донесе победа на Белгија и пласман во следната фаза.

Сега Белгијците го чекаат исходот на натпреварот што ќе се игра вечерва во Санта Клара, каде домаќинот САД ќе игра против БиХ. Победникот од тој меч е биде противник на Белгија во осминафиналето закажано за 7 јули во Сиетл.

Бр.📅 Датум⏰ Час👑 1/16 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🔥 1/8 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час⚡ 1/4 Финале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🚀 Полуфинале📍 Град⚽ Рез.
Бр.📅 Датум⏰ Час🏆 Финална Фаза📍 Град⚽ Рез.
⚙️ Отвори СпортПлус Менаџер за резултати

⚙️ Внесување на резултати (СП 2026)