На тенискиот турнир во Загреб, нема да се случи македонско финале, но затоа ќе имаме финалист во името на Калин Ивановски
Ивановски се пласира во финалето со победата над Божо Барун од Хрватска со 2-1 во сетови
Денешниот меч стартуваше околу 11 часот и 30 минути, но поради топлото време и неповолните временски услови по загревањето тенисерите се повлекоа. Мечот стартуваше нешто по 17 часот, а Ивановски го доби по 150 минути игра.
Калин со оваа победа ја продолжи серијата добри игра по настапот за репрезентацијата и настапите на Универзитетот во САД. Тој се избори за своето деветто финале, прво по август 2023 година.
За да нема македонско финале се погрижи Кимоун Султанов од Узбекистан. Тој го победи макеоднскиот репрезентативец Олег Приходко со 2-0 по сетови (6:3 и 6:1) за 96 минути игра.
































