Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Мастерсот во Индијан Велс. И ова нема да биде изненадување доколку е во прашање пораз од тенисерите во ТОП-10.

Најдобриот светски тенисер во осминафиналето беше поразен со 1:2 од Лука Нарди кој е дури на 123-тото место на АТП листата.

Италијанецот до овој меч стигна како така-наречен „лаки лузер“, но Нарди ја искористи шансата.

Уште во првиот сет се виде дека Ѓоковиќ не е на посакуваното ниво, па противникот го доби сетот со 6-4. Во вториот, Србинот навидум влезе во ритам и направи два брејка, а сетот го доби со 6-4. Во решавачкиот трет сет 20-годинпниот тенисер го одзеде сервисот на Ѓоковиќ во тенисер во шестиот гел што се покажа доволно да го добие сетот со 6-3, а мечот со 2:1.

„Ова е дел од спортот. Мора да го прифатите. На некои турнири победувате, на некои ќе загубите.

Се надевам дека ќе освојувам уште и ќе продолжам понатаму“, изјави по мечот Ѓоковиќ

Нарди стана најслабо рангираниот играч кој успеал да го совлада Ѓоковиќ на турнир од Мастерс серијата 1.000 од 2008 година.