Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за Европското првенство 2026-та.

Македонија ново учество на континенталните првенства ќе „брка“ о дуелите против Грузија и Грција.

Овој пат ЦЕВ реши групите да ги формира според рејтингот, што значи дека немаше ждрепка. Така 21 репрезентација се поделени во седум групи со по три национални состави. Настап на шампионатот ќе обезбедат првопласираните седум и петте најдобри второпласирани селекции.

Термините за вкупно шесте натпревари се во август годинава и истиот месец 2025-та, а македонските селекции тогаш ќе одиграат по два меча. Одбојкарите ќе почнат на гостување против Грузија, по што ќе ја пречекаат Грција.

Следната година ќе одиме кај јужниот сосед, по што ќе и бидеме домаќин на Грузија.

КВАЛИФИНАЦИИ ЗА ЕП 2026 (МАЖИ) – РОМАНИЈА, БУГАРИЈА
Ф група: МАКЕДОНИЈА, Грција, Грузија

Грузија – МАКЕДОНИЈА (17/18-ти август 2024)
МАКЕДОНИЈА – Грција (24/25-ти август 2024)
Грција – Грузија (28/29-ти август 2024)
Грузија – Грција (9/10-ти август 2025)
Грција – МАКЕДОНИЈА (13-ти август 2025)
МАКЕДОНИЈА – Грузија (16/17-ти август)

Квалификации за ЕП 2026 (жени) – Чешка, Шведска, Турција
Ф група: МАКЕДОНИЈА, Грција, Австрија

МАКЕДОНИЈА – Австрија (17/18-ти август 2024)
Австрија – Грција (24/25-ти август 2024)
Грција – МАКЕДОНИЈА (28/29-ти август 2024)
МАКЕДОНИЈА – Грција (2-ри/3-ти август 2025)
Грција – Австрија (6-ти август 2025)
Австрија – МАКЕДОНИЈА (9/10-ти август 2025)