Шест натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата. Веќе станува пракса, кога на паркет е балканскиот „тандем“ Јокиќ-Дончиќ тие да бидат во фокусот на вниманието.

Шампионот Денвер иако кон средината не четвртиот период губеше со 21 разлика на крајот забележа победа. „Нагетс“ пред своите симпатизери го совладаа Торонто со 125-119. Јокиќ Оствари троен ефект со 35 поени, 17 скокови и 12 асистенции. За Србинот ова е 21-ви „трипл-дабвл“ сезонава. Тој голема поддршка имаше од Џамајл Мареј кој оствари „дабл-дабл“ со 26 поени и 12 асистенции.

Таква неизвесност немаше во Чикаго каде гостуваше Далас. „Меверикси“ триумфот над „Булси“ го најавија во првата четвртина која ја добија со 44-16. Тројца гостински играчи постигнаа над 20 поени, а најмногу Лука Дончиќ кој заврши со 27, а на кои додаде 14 асистенции и 12 скока. На крајот Далас победи со 35 поени разлика 127-92.

Од останатите натпревари издвојуваме.

Џејлен Браун со 27 и Џејсон Тејтјум со 25 поени го предводеа Бостон до победа на гостувањето кај Портланд со 121-97.

Младиот Французин, Виктор Вембањама имаше „дабл-дабл“ со 27 поени и 14 скокови. Сепак тоа не беше доволно Сан Антонио да избегне пораз од Голден Стејт со 112-102.