Позната е и програмата за утре – сабота на фјучрсот во Скопје кога ќе се играат двата полуфинални меча и финалето во двојки. Она што секако е најинтересно за домашната публика е тоа дека полуфиналето на Калин Ивановски против Ерги Киркин од Турција е последен меч од програмата на Централниот терен и нема да почне пред 14:30 часот.

Први на теренот ќе бидат полуфиналистите од полуфиналето број 1 Саша Вајенбург (3,Франција) и Вито Тонејц (Хрватска), Почетокот на овој меч е во 10 часот.

Финалето во игра на двојки во кое ќе играат Французите Вајенбург и Антиан Оанг, против тенисерите од Бугарија Јанаки Милев и Петр Нестеров е втор меч и ќе почне не пред 13 часот, но и по задолжителниот одмор за Вајенбург бидејќи е единствениот тенисер, кој има мечеви во двете конкуренции денес и утре.

Како последен меч е дуелот на Калин Ивановски (4 носител) против Ерги Киркин од Турција (5 носител).

Влезот за сите мечеви е слободен.