Очите на целокупната светска спортска јавност утре ќе бидат насочени кон Истанбул, каде Манчестер Сити и Интер ќе се борат за трофејот во фудбалската Лига на шампиони.

Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул, е местото каде Манчестер Сити и Интер ќе го играат финалето во Лигата на шампионите

Стадионот кој првично беше изграден за кандидатурата на Истанбул за Олимписките игри во 2008 година, но ја загуби битката со Кина и Пекинг, беше дополнително реновиран минатата година и во моментов вложената сума во него изнесува 228 милиони долари.

Стадионот „Ататурк“ веќе беше домаќин на спектакуларно финале во Лигата на шампионите и тоа во 2005 година кога Ливерпул се врати од негатива од 0-3 во дуелот со Милан, а потоа на пенали ја освои титулата.

Годинашните финалисти веќе се во Истанбул, а вечерва ќе истрчаат на теренот да ја направат и последната подготовка пред утрешното финале.

Исто и навивачите на двата тима и оние кои обезбедиле и оние кои допрва баат кари се одамна низ улиците на милионскиот Истанбул.

Eдни забавувајќи се, а други барајќи го деновиве најважното парче хартија, влезницата за на стадионот Ататурк, каде утревечер Сити и Интер ќе решат кој ќе биде наследниот на Реал Мадрид на европскиот фудбалски трон.

Финалниот дуел од Лигата на шампионите ќе започне во стандардниот термин од 21 часот.