Македонскиот тенисер Калин Ивановски на денеска објавената ранг листа го бележи најдобриот ранг во својата кариера. Тој се наоѓа на 504-то место со 72 поена.

Тој на новото рангирање има осум нови поени по финалето од Монастир од пред една недела. Ивановски има скок од 30 места. На следното рангирање македонскиот тенисер ќе има нови четири поени и би требало да ја мине границата од 500-то место.

Покрај Ивановски, напредок од 32 места има и Обрад Марковски, кој се наоѓа на 1.114 место со 8 поени (еден нов за пласманот во 2.коло на фјучрсот во Анталија).