Од денеска до 19 февруари, во француските ски-центри Куршевел и Мерибел ќе се одржува 47-то Светско првенство во алпско скијање.

13-сета на медали ќе бидат поделени во 12 дисциплини, во кои едно име ќе привлече најголемо внимание.

Тоа е американската скијачка Михаела Шифрин која сезонава е незапирлива во Светскиот куп и ја дели само еден победа од историскиот успех на легендарниот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк, кој во кариерата има остварено 86 победи. Но, Американката на тој рекорд ќе размислува по Мундијалот.

Шифрин која апсолутен лидер во Генералниот пласман, и веќе го обезбеди малиот кристален глобус во слалом, покрај оваа дисциплина ќе биде и ТОП фаворитка за златото на Мундијалот во комбинација и велеслалом.

Шампионатот стурува денеска со трката во комбинација кај дамите, а утре мажите ќе се натпреваруваат во истата дисциплина.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МУНДИЈАЛОТ

ДАТАВРЕМЕДИСЦИПЛИНАМЕСТОПОБЕДНИК
6  / 211:00Комбинација жениМерибел
7  / 211:00Комбинација мажиКуршевел
8  / 211:30Супер-Џи жениМерибел
9  / 211:30Супер-Џи за мажиКуршевел
11  / 212:00Спуст жениМерибел
12  / 212:00Спуст мажиКуршевел
14  / 212:00Екипен паралелен слаломМерибел
15  / 212:00Паралелен велеслалом мажи и жениМерибел
16  / 210:00 (прва трка)Велеслалом жениМерибел
17  / 210:00 (прва трка)Велеслалом мажиКуршевел
18  / 210:00 (прва трка)Слалом жениМерибел
19  / 210:00 (прва трка)Слалом мажиКуршевел