Ракометната репрезентација на Хрватска со пораз на гостувањето во Ајндховен ги продолжува квалификациите за Европското првенство 2024.

Поуспешни од Хрватите беа ракометарите на Холандија кои славеа победа со 32:27, а на полувреме беше 15:13. Првиот дел мина во изедначена борба со водство на домашните ракометари, кои на стартот од вториот дел одигра без грешка и брзо поведоа со + 7 (21:14).

Во дуелот од група 1 каде настапува Македонија, вечерва играа Луксембург и Турција, а гостите иако водеа во најголемиот дел од натпреварот сепак требаа во последниот напад да го решаваат победникот – 30:29.

Резултати на денешните дуели од 3.коло: Грузија – Литванија 32:18, Полска – Франција 28:38, Луксембург – Турција 29:30, Холандија – Хрватска 32:27, Фарски острови – Романија 28:26, Белгија – Грција 24:26, Чешка – Исланд 22:17, Косово – Босна и Херцеговина 22:25.

Табела група 1: Португалија 4 бодови, Македонија 4, Турција 2, Луксембург 0.
Табела група 2: Норвешка 4, Србија 4, Словачка 0, Финска 0.
Табела група 3: Чешка 6, Исланд 4, Естонија 0, Израел 0.
Табела група 4: Австрија 4, Романија 2, Украина 2, Фарски острови 2.
Табела група 5: Хрватска 4, Грција 4, Холандија 4, Белгија 0.
Табела група 6: Унгарија 4, Швајцарија 4, Грузија 2, Литванија 0.
Табела група 7: Црна Гора 4, Словенија 4, Босна и Херцеговина 2, Косово 0.
Табела група 8: Франција 6, Полска 4, Италија 0, Летонија 0.

Утре на програмата се другите осум дуели:
Италија – Летонија (16 часот)
Црна Гора – Словенија (18 часот)
Естонија – Израел (18 часот)
Финска – Словачка (18 часот)
Србија – Норвешка (18 часот)
Македонија – Португалија (19 часот)
Швајцарија – Унгарија (19 часот)
Украина – Австрија (19 часот)