Македонската фудбалска репрезентација ја чекаат последните два натпревари во УЕФА Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски денеска ја направи првата прозивка на 26-те фудбалерите кои се најдоа на неговиот список.
Со попладневниот собир во Скопје, националниот тим официјално ги започнува подготовките за ноемвриските дуели против Шкотска и Словенија. Црвено-жолтите во претходните четири кола од Б-сегментот претрпеа четири порази, без ниту еден постигнат гол и со десет примени погодоци.

Повратници во тимот се: Дарко Чурлинов, Никола Серафимов, Имран Фетаи и Стефан Деспотовски. Меѓу повиканите во нападот е вклучен и Марко Ѓорѓиевски од тетовска Шкендија. За овие две средби Седлоски одлучи да ги изостави напаѓачот Бојан Миовски и досега стандардниот дефанзивец Ѓоко Зајков.
Шансите за опстанок во втората квалитативна дивизија се сведени само на теорија, но селекторот најави максимално залагање и агресивна игра. Од фудбалерите се очекува храбар пристап за конечно да се постигне погодок и да се поправи, колку толку, лошиот впечатокот.
Првиот натпревар Македонија го игра на гостински терен против Шкотска во петок на 13 ноември од 20:45 часот. Настапот во ова издание на натпреварувањето завршува на 16 ноември во Скопје, кога на арената „Тодор Проески“ гостува Словенија.
ЛИГА НА НАЦИИ 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

































