Со натпреварот што ќе се игра вечерва во Скопје, ќе се заокружи шестата рунда во домашен кошаркарски шампионат, Супер лига. Во него екипата на ТФТ ќе го пречека составот на МКК Куманово.
Тимот од скопско Тафталиџе ќе се обиде да ја прекине серијата од два порази во сите натпреварувања. Домаќините пред неколку дена загубија на гостувањето кај Херцеговац со 107-82 во рамките на регионалната АБА 2 лига. Претходно во домашното првенство, ТФТ запиша тесен пораз во Кавадарци од Тиквеш со 77-74.
Од друга страна, кошаркарите на Куманово во Скопје доаѓаат по сигурната домашна победа над Кожув со 91-74 во минатото коло. Кумановци играат во добра форма и имаат три триумфи на последните четири натпревари. На последните пет меѓусебни пресметки, ТФТ има три победи во првенството, додека Куманово славел двапати, вклучувајќи го и Купот.
Во пресрет на овој натпревар, Куманово е на петтата позиција на табелата со три победи и два пораза. Екипата на ТФТ моментално е на 9.место со биланс од два триумфи и три неуспеси во досегашниот дел од сезоната. Лидер во Супер лигата е непоразениот Работнички со шест победи, пред актуелниот шампион МЗТ Скопје кој има пет триумфи и еден пораз.
Натпреварот помеѓу ТФТ и Куманово што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе почне од 19 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|


































