Фудбалска лекција од Нагелсман за Галтиер. Баерн Минхен втор пат го победи Париз Сен Жермен и ги елиминираше од Лигата на Шампиони.

Иако требаше да биде дерби, сепак ѕвездениот тим на Париз потфрли, па се играше онака како што сакаше Баерн.

Се чини дека ПСЖ својата шанса ја пропушти во 38. кога Јан Зомер направи глупост и ја загуби топката па Витиња шутираше на празен гол, но Де Лихт со неверојатна реакција ја спаси топката од гол линијата.

После тоа се беше во знакот на Баварците, па Чупо Мотинг во 52 прв пат ја затресе мрежата но ВАР технологија сигнализираше офсајд.

Сепак Чупо Мотинг 9 минути подоцна во 62 минута повторно погоди, овој пат се беше регуларно па Баерн поведе со 1-0.

Во 65. ,,Парижаните” беа блиску да се вратат но ударот на Рамос го скроти Јан Зомер.

Сите прашања околу победникот беа затворени во 88. минута кога Кимих одзеде топка а резервистите Кансело и Гнабри во атомска контра креира шанса по која Гнабри го совлада Донарума, за 2-0.

Со вкупен резултат од 3-0 Баерн сосема заслужено патува во четвртфиналето.